Дваесет и седум патници повредени при слетување на авион во Хирошима

Од:

Дваесет и седум патници се повредени при слетувањето на Ербасот А320 на јужнокорејската компанија „Ејжан ерлајнс“ на аеродромот во Хирошима, соопштија денеска јапонските власти.

Авионот се закачи за шест метри висока комуникациска антена, која се наоѓа на околу 300 метри од почетокот на пистата и се преполови, а трагите на пистата покажуваат дека авионот се лизгал превртувајќи се за повеќе од 90 степени.

Сите 73 патници и членови на екипажиот на вчерашниот лет од Сеул за Хирошима се евакуирани, а 27 се повредени, соопштија јапонските власти.

Еден од повредените патници изјави дека видел пламен и оти чад го исполнил авионот.

Полицијата изврши увид и почна истрага со цел да увиди дали станува збор за професионална грешка. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија