Дваесет и две лица загинаа во престрелка меѓу вооружени напаѓачи и припадници на полицијата на магистрален пат во западниот дел на Мексико.
Инцидентот се случил во државата Мичоакан, откако напаѓачите го блокирале патот со автобуси и други превозни средства и нападнале полициски конвој.
Две од жртвите се федерални полицајци, а 20 се припадници на криминални групи. Во инцидентот има 15 повредени.
Вооружените напаѓачи нападнале шест населени места во Мичоакан, каде постојано има судири меѓу различни наркокартели.