Два земјотреси во близина на Фукушима

Од:

Американскиот институт за геолошки истражувања, соопшти дека вчера се регистирани два земјотреси на јапонскиот источен брег, во близина на Фукушима.

Епицентарот на првиот потрес, со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на околу 90 километри од брегот на јапонскиот најголем остров Хоншуа, а на длабочина од 22 километри.

Другиот потрес чија што јачина изнесувала 5,6 степени според Рихтеровата скала, а се случил два часа подоцна, бил на длабочина од 39 километри, пренесе „Франс прес“.

Ова подрачје во 2011 година го зафати катастрофален земјотрес, кој предизвика цунами со разорна моќ, при што загинаа најмалку 18.000 лица.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија