Белгиските здравствени власти пријавија два потврдени случаи на мајмунски сипаници во земјата, јави дописничката на МИА од Брисел.
Докторот Ив Ван Латем објасни дека оваа ретка болест многу забрзано се шири периодов и дека тоа е изненадување. Мајмунската вариола постои веќе десет години.
Болеста не се смета за опасна, освен за ранливите групи како повозрасни лица и лица со слаб имунитет.
Смртноста е меѓу 1 и 10 отсто кај овие луѓе. Опасноста зависи и од сојот.
Можно е Белгија да има повеќе од два случаи, рече докторот.
Според Ван Латем хомосексуалната заедница е попогодена од другите, но не е јасно како се одвива заразата.
-Никогаш не сме имале толку случаи одеднаш и не разбираме, ова никогаш не се случило, рече епидемиологот.
Според лекарските познавање за инфекција е потребен директен контакт со заразено лице, за разлика од Ковид-19.
Извор: МИА