Два силни земјотреса ја погодија североисточна Јапонија

Од:

Два земјотреса со јачина од 6,9 и 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погодија североисточна Јапонија, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Националната метеоролошка агенција (НМА).

Во моментов нема податоци за настрадани луѓе или предизвикана
материјална штета.

Првиот силен земјотрес е регистриран во 8.06 часот (00.06 часот по средноевропско време). Епицентарот на потресот бил на 210 километри источно од крајбрежниот град на островот Хоншу Мијако, во префектурата Ивате, а епицентарот на длабочина од 10 километри под морското дно.

НМА веднаш издаде предупредување за цунами, кое подоцна го повлече. Оваа агенција првично даде прогноза дека приливните бранови со височина до еден метар може да го удрат крајбрежјето на префектурата Ивате околу 8.30 ч. (00.30 часот по средноевропско време).

Околу 15.000 локални жители беа предупредени за брза евакуација и да не се доближуваат до брегот. Јавниот телевизиски сревис ја прекина својата програма за да го пренесе предупредувањето за цунами. Брановите на два пати стигнаа до североисточното крајбрежје на Јапонија, но приливните бранови беа многу пониски од очекуваните.

Вториот силен земјотрес, исто така, го погоди североисточниот дел на земјата, пренесе ТАСС.

Вториот потрес бил со јачина од 5,7 степени според Рихтер, појасни Националната метеоролошка агенција.

Епицентарот на потресот бил во морето недалеку од крајбрежјето на префектурата Ивате и на длабочина од 50 километри под морското дно. Нема закана за цунами. Потресот бил  почуствуван во 11 префектури на Јапонија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија