Два руски бомбардера се приближија на помалку од километар до американскиот носач на авиони

Од:

Два руски бомбардера од типот Тупољев Ту-142 се приближија на помалку од еден километар од американскиот носач на авиони УСС Реган, поради што САД веднаш испратиле четири авиони Ф-18 за да ги пресретнат руските бомбардери, јави Фена.

Ту-142 се четиримоторни бомбардери со турбопропелер, чија примарна намена е уништување на бродови и подморници. Настанат со пренамена на стратешкиот бомбардер Ту-95, Ту-142 е долг над 53 метри и со распон на крила од 50 метри, а може да носи до осум противбродски проектили Кх-35 под крилата. Во внатрешноста може да носи антиподморничко торпедо со калибар од 450 милиметри или 533 милиметарско антибродско торпедо.

Можат да превезат околу 11 тони оружје, за да го задржат оперативниот дострел од 12.500 километри.

Претставник на американската морнарица изјави дека пилотите на двете страни биле коректни и додаде дека руските бомбардери мирно се оддалечиле од носачот на авиони.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски