ВИДЕО: Два брода горат во Керчинскиот Теснец

Од:

Два брода, што пловат под знаме на Танзанија, горат во водите на Керчинскиот Теснец, откако на едниот од нив се случила експлозија, соопшти Прес-службата на руската Федерална агенција за поморска и речна пловидба.

Во соопштението се посочува дека експлозијата се случила на брод што превезувал гас, по што членови на екипажот на пловилото почнале да скокаат во вода, бегајќи пред огнот.

Спасувачките екипи од водите излекоа тело на еден загинат морнар и спасија тројца други, се додава во соопштението.

Засега нема информации за причините на експлозијата и како пожарот се проширил на двата брода.

Според агенцијата, на двата брода имало вкупно 31 член на екипажите.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини