Дутерте обвинет пред Меѓународен кривичен суд

Од:

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте и 11 високи претставници на државата се обвинети пред Меѓународниот кривичен суд, поради масовни убиства на осомничени криминалци и шверцери со дрога.

Тужбата е поднесена во Хаг од филипински адвокат кој претставува човек што признал дека убивал луѓе по налог на Дутерте уште додека бил градоначалник на јужниот град Давао.

Адвокатот наведува во тужбата дека претседателот извршил „убиства и егзекуции без суд што претставува злосторство против човештвото“ додека бил градоначалник на јужниот филипински град Давао, дека лично учествувал во тој вид криминал и дејствувал преку своја единица на смртта.

Обвиненијата се однесуваат и откако е претседател во државата. Тоа е прво обвинение за злосторства против човештвото против филипинскиот претседател.

Според адвокатот Џуд Сабио, убиствата почнале откако Дутерте станал градоначалник на Давао во 1988 година, функција што оттогаш ја имале тој или членови на неговото семејство.

– Мрачната статистика укажува за над 7.000 убиства поврзани со наркотици, и тие не можат да се превидат без разлика што Дутерте станал претседател на државата само пред седум месеци, наведува адвокатот во текст на 77 страници. Уште 1.400 луѓе биле ликвидирани во Давао за време на Дутерте, се додава во тужбата. Таа се однесува и на министерот за правда Виталиано Агире. Началникот на полицијата Доланд дела Роса, претседателот на Долниот дом на парламентот Панталеон Алварес и други високи личности.

Главната обвинителка допрва ќе одлучи дали ќе почне истрага за ситуацијата.

Од неодамна Џуд Сабио го застапува Едгар Матобато кој се претставува како „убиец кој прозборел“. Во септември Матобато изјави пред Горниот дом на филипинскиот парламент дека бил дел од ескадрон на смртта, кои ликвидирале илјада луѓе, криминалци и опозиционери, по наредба на тогашниот градоначалник на Давао, Родриго Дутерте. Во декември претседателот потврди дека на времето, лично убивал осомничени криминалци за да и даде пример на полицијата, јави ДПА.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски