Дутерте: Навистина сум диктатор, тоа е мојот стил

Од:

Ако не се однесувам како диктатор, тогаш оваа земја нема да напредува, изјави филипинскиот претседател, Родриго Дутерте.

„Велите диктатор… Да, јас навистина сум диктатор. Така е. Ако не се однесувам како диктатор, што моментно е мојот стил, тогаш во оваа земја нема да се случи ништо добро“, рече Дутерте.

„Морам. Освен тоа, вие ме избравте како ваш претседател. Зошто тогаш не сакате да ме следите иако моите постапки се за доброто на секој од вас“, додаде тој.

Дутерте стана претседател на Филипините во 2016-та година и оттогаш речиси секојдневно дава различни провокативни изјави, а еден од најпрепознатливите белези на неговото владеење е борбата против дилерите на дрога, но и оние кои ја користат.

Така, тој постојано ја повикува полицијата да ги убие „дилерите и зависниците од дрога“ секогаш кога ќе се соочи со некој таков.

Сепак, Дутерте претходно изјавуваше дека нема намера „навистина да станува диктатор“. Во тој период дури и го повика народот веднаш да го собори од власт доколку почне да наликува на диктатор, па дури им нареди на војската и полицијата да го ликвидираат доколку својот мандат го пречекори за само еден ден.

Мандатот на Дутерте трае до 2022-ра година.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски