Филипинскиот претседател Родриго Дутерте, познат по говорот во кој не бира зборови, изјави дека му ветил на Бог, оти повеќе нема да пцуе.
Дутерте тврди дека Бог му дал ултиматум. Според него се се случило синоќа во авионот, со кој се враќал по посетата на Јапонија.
Во текот на летото гледал во небото, додека останатите спиеле, некои ’рчеле.
– Слушнав глас, кој ми кажа да престанам да пцујам и дека доколку тоа не го сторам авионот ќе се урне, рече Дутерте (71) пред новинарите на аеродромот.
– Прашав: Кој е тоа? И секако тоа беше Бог, рече Дутерте, додавајќи дека тогаш ветил дека повеќе нема да пцуе.
Тој истакна дека тоа е ветување кон Бога и кон филипинскиот народ.
Дутерте на американскиот претседател Барак Обама му порача да „оди по ѓаволите“, а папата го нарече „ку*вин син“, бидејќи „предизвикал метеж во сообраќајот за време на посетата“.
ЕУ ја нарече лицемерна, се закануваше дека неговата земји ќе ги напушти ОН, како и дека со задоволство би убил три милиони зависници од дрога.