Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ја зајакна крвавата анти-криминална реторика со споредба на масакрот на Хитлер врз милиони Евреи со неговата амбиција која би го усреќила „доколку успее да убие три милиони зависници“.
Дутерте ја даде оваа изјава во враќањето од Виетнам каде разговараше со тамошните лидери за националната борба против наркотици.
– Хитлер уби три милиони Евреи, а ние имаме три милиони наркомани. Ќе бидам среќен ако би ги убил сите, нагласи Дутерте.
Дутерте вели дека неговите јавни закани со смрт служат за да ги заплашат дилерите на дрога, да престанат да ја работат таа работа, како и да ги обесхрабрат потенцијалните корисници.
Во неговата предизборна кампања. Дутерте Вети дека ќе убие толку дилери и корисници на дрога со што ќе може „да се нахранат сите риби на бреговите на Манила“, како и дека ќе ги убие со бесење бидејќи не сака да троши електрична енергија за нив.
Додека жртвите на Хитлер биле невини луѓе, Дутерте тврди дека неговата цел е да ја „излечи“ неговата земја со убивање на криминалци, пренесува Танјуг.