Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте го отпушти денеска министерот за внатрешни работи, негов близок политички сојузник, поради тврдењата дека е вмешан во корупција.
Портпаролот на претседателот Ернесто Абела изјави дека Дутерте го објавил отпуштањето на министерот за внатрешни работи, Исмаил Суена на крајот на состанокот доцна синоќа, откако претходно му поставил неколку прашања, наведувајќи дека причина за разрешувањето е губење на довербата во него.
Отпуштениот министер беше задожен за националната полиција и за локалната влада и беше еден од најмоќните членови на кабинетот.