Дутерте ги прогласи комунистичките бунтовници за терористи

Од:

Две недели по прекинувањето на преговорите со Комунистичката партија на Филипините и нејзиното воено крило „Нова народна армија“, филипинскиот претседател Родриго Дутерте ги прогласи комунистичките бунтовници за терористи.

Тој денес потпиша прокламација со која тие се прогласуваат за терористички организации и тоа е прв чекор во процесот на официјалната забрана на комунистичките партизани, кои војуваат со филипинската влада од крајот на 60-тите години на минатиот век.

Портпаролот на Дутерте, Хари Роке објаси дека прокламацијата на претседателот треба да биде потврдена со судско решенија, а од министерството за правда е побарано да поднесе соодветна тужба.

Тој појасни дека одлуката е во согласност со законот за безбедност на луѓето, бидејќи комунистите поттикнуваат и создаваат услови за масовен и екстремно голем страв и паника меѓу населението.

Двете организации се прогласени за терористички од страна на САД уште во 2002 година, но досега филипинските власти се обидуваа да преговараат со нив.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски