Дутерте до Обама – „оди по ѓаволите“, Филипини ќе купуваат оружје од Русија и Кина

Од:

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте на американскиот претседател Барак Обама му порача „да оди по ѓаволите“ и изјави  дека САД одбиле на Филипините да им продадат некои видови оружја, но и тоа за нив не е проблем бидејќи Русија и Кина желно ќе им го испорачаат, пренесоа британските медиуми.

Во својот говор во Манила, Дутерте изјави дека го загубил своето почитување кон САД, потенцирајќи ја загриженоста на Вашингтон од неговата крвава војна против шверцот на наркотици, во која за околу три месеца се убиени повеќе од 3.400 лица.

Дутерте изјави дека неговите критичари се „глупаци“ и не можат да го спречат во намерата да ја води кампањата против дрогата.

Дутерте кажа дека САД не сакале на неговата земја да и продадат ракети и друго вооружување, а Русија и Кина го увериле дека лесно можат да му ги испорачаат.

– Ако не сакате да продавате оружје ќе се обратам кон Русија. Ги испратив спецификациите во Русија и од оттаму ми кажаа да не се вознемируваме, „имаме се што Ви треба, ќе Ви го дадеме“.

А, од Кина, пак, ми кажаа: „Едноставно дојдете и потпишете и се ќе биде доставено“, изјави Дутерте во говорот, што беше емитуван на телевизија.

Според него, САД требало да ги поддржат Филипините во борбата со наркотиците, но место тоа тие го критикуваат заради големиот број убиени, како што стори и Европската Унија.
– Наместо да ни помогнат, првиот удар дојде од Стејт департментот. Така што можете да одите по  ѓаволите, г-н Обама, можете да одите по ѓаволите. ЕУ, подобро изберете го чистилиштето. Пеколот е веќе полн. Зошто да се плашам од вас?, запраша Дутерте.

Отворениот прекин на односите на Вашингтон со Манила ќе создаде проблеми во регионот, каде расте влијанието на Кина.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод