Дутерте: Цивили, убивајте ги екстремистите, скапо е да ги хранам

Од:

Претседателот на Филипини Родриго Дутерте понуди денеска награда за фаќање на муслиманските екстремисти кои стојат за осуетениот напад, истакнувајќи дека ја разгледува можноста за вооружување на цивилите со цел да и помогнат на Владата во борбата против терористите и осомничените наркодилери кои „повеќе ги сака мртви отколку живи“.

Дутерте, за време на посетата во централната провинција Бохол, нагласи дека и наложил на морнарицата да ги бомбардира екстремистите кои доаѓаат со бродови во потрага по лица кои ќе ги киднапираат.

– Ги охрабруваме и цивилите да убиваат, бидејќи таквите (екстремистите) ги сакаме мртви или живи и за тоа нудиме награда, но јас повеќе ги сакам мртви, бидејќи ако останат живи морам да ги хранам, а тоа е прилично скапо – истакна филипинскиот претседател.

Тој нуди награда од 20.000 долари за информација што ќе им овозможи на војската или полицијата да ги фатат екстремистите кои избегаа по минатонеделниот осуетен напад врз централниот филипински остров.

Запрашан што би можело да биде специфична мета на екстремистите, Дутерте наведе дека тие можеби планираат да го прекинат дведневниот состанок на Асоцијацијата на земјите од југоисточна Азија, што денеска започна во Бохол.

Дутерте посети неколку области во Бахол и заклучи дека таа провинција е безбедна, истакнувајќи дека „Филипините имаат повеќе од доволно војска за борба, ако има потреба“.

Филипинскиот претседател ги предупреди екстремистите дека Владата сега ќе ги гони, меѓу останатот, и преку сателити, со цел да се спречи нивното доаѓање од јужниот остров.

Дутерте го посети Бохол еден недела откако филипинските трупи, со поддршка на воздушни напади, на тоа место се бореа против борците на Абу Сајаф и при тоа беа убиени четворица екстремисти, тројца војници, еден полицаец и двајца цивили.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски