Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

Од:

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се врати на преговорите со САД.

Дуда истакна дека не гледа дека некој друг освен САД ќе има моќ да ја запре руската агресија врз Украина и дека најдобро би било Зеленски да ги продолжи преговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс.

Со оваа изјава полскиот претседател реагираше на јавната кавга меѓу Зеленски и Трамп во петокот во Белата куќа.

Полскиот министер за одбрана и вицепремиер Владислав Косињак-Камиш, како што јави државната агенција ПАП, смета дека ќе биде невозможно да се постигне мировно решение кое ќе стави крај на руската војна против Украина без преговори со присуство на САД.

„Би сакал целата алијанса да повика на враќање на американско-украинските преговори“, рече Косињак-Камиш денеска во Краков.

„Треба да има помалку емоции, а повеќе дијалог и рационални ставови“, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Полска ја засилува границата со Русија: Се стравува од упад на вооружена група

Стуб го демантира „Фајненшел тајмс“ за разговорот со Путин

Туск за кризата во Полска ја обвини опозицијата, но и „руските ботови“

Туск: Судија нема да попушти пред агресивен насилник, мирот не може да се зачува преку попуштање

А1он

(ВИДЕО) Протести и судир со полицијата во Полска – премиерот Туск е обвинет за државен удар

А1он

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот