Дуда: НАТО ќе мора сериозно да размисли ако Путин употреби хемиско оружје

Од:

Полскиот претседател Анджеј Дуда во денешното интервју изјави дека руската употреба на хемиско оружје во Украина ќе промени сè и дека НАТО ќе мора сериозно да размисли како да одговори.

Прашан ако Путин употреби хемиско оружје, дали тоа би била црвената линија за НАТО по што ќе мора да се вклучи, Дуда изјави за телевизијата Би-Би-Си: „Ако употреби какво било оружје за масовно уништување, тоа целосно ќе ги промени работите“.

„Секако, НАТО и неговите лидери предводени од САД ќе мора да седнат на маса и навистина сериозно да размислат што да прават, бидејќи тогаш тоа почнува да станува опасно“, рече тој.

Откако Владимир Путин ја започна инвазијата на 24 февруари, Соединетите држави се загрижени за можното вовлекување на НАТО во поширока војна со Русија.

Западните претставници во петокот рекоа дека Русија може да употреби хемиско оружје во Украина во напад со „лажно знаме“ за последователно да има оправдување за својата инвазија, но нема индикации за поширока употреба на такво оружје во војната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски