Државните службеници во Тајланд добија рок да ги завршат обврските

Од:

Претседателот на преодната влада на Тајланд, генералот Прајут Кан-ока ги предупреди државните службеници дека се должни ефикасно да ги извршуваат своите обврски, бидејки и од нивното ангажирање зависи кога цивилното општество повторно ќе биде секојдневие на Тајланд.

Од денеска државните службеници, на сите рамништа, ќе имаат рок од три месеци за да ги завршат задачите. Во спротивно, како што рече шефот на воениот удар од мај годинава, тие ќе имаат работа со него.

Прајут на новинарите не им кажал кои работи во државната администрација, судството и образованието се завршени, а кои не.

Генералот Прајут повторно ги критикуваше медиумите кои, според него, секојдневно ја критикуваат работите што ги прават тој и неговиот тим. За еден од сопствениците на тиражен весник што се печати на локалниот Тај јазик тој рече дека сигурно ќе го заврши животот во затвор, затоа што тој не нашол ништо позитивно во работата на сегашната, но и за претходните влади кои добиле мандат на избори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач