Државните службеници во Хонг Конг се вратија на работа, на улиците видливо помалку демонстранти

Од:

Државните службеници во Хонг Конг, без никакви пречки, денеска се вратија на работа, а училиштата во овој кинески специјален административен регион повтроно се отворени, откако бројот на демонстранти по улиците на градот е видливо намален, пренесе ДПА.

Протестното движење вчера се согласи да ги отстрани блокадите на владиниот комплекс, за да се избегне конфронтација со властите.

Главниот администратор на Хонг Конг, Леунг Чун-јинг во саботата на продемократските демонстранти им даде ултиматум до понеделник да ги остранат блокадите на главните патни артерии во кинескиот специјален административен регион. Во спротивен случај, властите ќе ги преземат „сите неопходни мерки за да го обноват јавниот ред“, предупреди Леунг во видео порака.

Истовремено со заканата тој на демонстрантите им вети и преговори доколку тие ги отстранат блокадите од пред владините објекти.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше