Државната обвинителка на Венецуела одби да биде сослушувана од Врховниот суд

Од:

Актуелната државна обвинителкана Венецуела, Луиза Ортега Дијаз одби да се појави на сослушување пред судиите на Врховниот суд, прикажувајќи го судот и неговите членови како „циркус“ во кој таа не сака да учествува.

-Немам намера да одам на циркуска претстава, со која се гази и нашата историја и традиции. Знам дека ќе ме сменат од функцијата, иако немам сторено никакво кривично дело и немам направено никакви грешки- изјави за домашните новинари Дијаз .

Врховниот суд ја обвинува за „сериозни грешки“ во работењето.

Таа, меѓутоа, вели дека Врховниот суд е под директна контрола на претседателот Николас Мадуро и на неговата влада, па дека затоа, сослушувањето треба да претставува само претстава за јавноста, за да се обезбеди изговор таа да биде тргната од функцијата.

Ортега Дијаз е доскорешен близок соработник и политички сојузник на Мадуро, кој лично ја има назначено за државен обвинител.

Нивната блискост заврши во март, годинава, кога таа се спротивстави на реформите што ги навести претседателот, за како што тој вели, зацврстување на „социјалистичката револуција„ .

Станува збор за настојувањето на Мадуро, со помош на Врховниот суд да обезбеди законска основа за блокада на работата на Парламентот, кој е под контрола на опозицијата, што државниот обвинител одби да го прифати и јавно го осуди.

Подоцна таа ја обвини војската за смртта на еден млад демонстрант, наспроти уверувањето на владата дека жртвата настрадала од припадници на опозицијата кои веќе три месеци секојднево демонстрираат.

Ортега Дијаз деновиве го нападна Мадуро во врска со инцидентот со украдениот хеликоптер кои леташе над Каракас и пукаше врз некои владини институции, не прифакајки ја верзијата на претседателот за „терористички напад„.

Според се уште актуелниот државен обвинител, нема тероризам во земјата, туку дека Венецуела се соочува со државен тероризам.

Нејзината изјава е сосема блиску до тврдењето на опозицијата, која смета дека случајот со хеликоптерот е исцениран од власта, за да се залажува домашната јавност.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски