Другите земји не можат да влијаат врз американските избори, тврди висок владин службеник

Од:

Раководителот на Агенцијата за кибербезбедност и инфраструктура при американското Министерство за внатрешна безбедност, Кристофер Кребс, изјави дека странските земји не можат да влијаат врз резултатите од претседателските избори во САД.

Тој повика да не се реагира брзоплето на проблемите како паѓањето на веб-страница поради преоптоварување или на дејствата на злонамерници.

– Можеме да видиме со точност дека ниту една странска земја нема способност да измени макар и еден глас. Американците треба да бидат уверени во заштитата и безбедноста на гласањето, броењето на гласовите и резултатите, изјави Кребс синоќа за Фокс њуз.

Разузнавачите на САД претходно соопштија дека Русија и Иран, секој посебно, добиле информации за регистрацијата на американските избирачи, за да влијаат на исходот од изборите. Се тврди дека Москва е со намера да го поддржи Доналд Трамп, а Техеран се обидува да ја спречи неговата победа.

Би можело да ве интересира

Првични анкети: Мала предност на Харис, одлучуваат „свинг“ државите

Ројтерс: Демократите ќе бараат повторно пребројување на гласовите доколку Трамп пребрзо прогласи победа

Саливан: Постигнавме напредок во идентификувањето на странските влијанија врз американските избори

Горан Наумовски

Избори во САД 2024: Вооружен маж уапсен пред митингот на Трамп во Калифорнија

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Бајден сака изборите за претседателски кандидат на демократите да почнат во Јужна Каролина

А1он