Дријан: Франција ќе продолжи со нападите врз ИД

Од:

Авиони на француското Воено воздухопловсто ќе продолжат со извршување напади врз позициите на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, изјави францускиот министер за одбрана Жан-Ив ле Дријан.

– Ќе предстојат и други напади, ќе предстојат и други акции за да се заштитиме и да го прекинеме функционирањето на камповите за тренинг каде се обучуваат странските борци, кои потоа се подготвени да се вратат во Франција и Европа, изјави Дријан.

Францускиот претседател Франсоа Оланд вчера соопшти дека француски авиони уништиле камп на ИД во близина на сирискиот град Деир ал Зур, најавувајќи дека во следните недели се можни и нови воздушни напади на Военото воздухопловство на Франција во Сирија.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано