(ВИДЕО) Дрезден: 13.000 против неонацистите

Од:

„Чоовечки синџир” од околу 13.000 луѓе во Дрезден, го запре маршот на неонацистите, кои се обидоа на годишнината од сојузничкото бомбардирање во 1945 година, да поминат низ градот.

Градот минатата ноќ го обезбедувале повеќе од 3.000 полицајци, немало поголеми инциденти, а уапсени се неколку лица.

“Екстремните десничари тврдат дека сојузничката авијација на 13 февруари 1945 година направила воено злосторство, а одбележувањето на годишнината го користат и како можност за да ги промовираат своите идеи. Нив оваа година ги запреа активисти”, пишува “Шпигел”.

Активистите кои на мирен начин ја одбележаа годишнината, сметаат дека неонацистите, кои во претходните години беа многу повеќе на улиците, на овој начин го навредуваат споменот на 25.000 луѓе кои загинаа во бомбардирањето.

“Тие се обидуваат да го искористат овој ден на сеќавање на жртвите, за своја кампања на омраза и одмазда”, изјави градоначалничката Хелма Орос.

На мирниот протест учествуваа повеќе истакнати политичари, како и луѓе од светот на културата, спортот…

“Дер Шпигел” истакнува дека во минатата деценија, на улиците излегуваа до 6.000 неонацистите, а дека оваа година се проценува дека имало меѓу 600 и 800.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија