Драстичен пад на наталитетот во Италија во текот на пандемијата

Од:

За време на пандемијата на коронавирусот во Италија се родиле значително помалку бебиња од кога било досега, како резултат на што земјата има една од најниските стапки на наталитет во светот, соопшти денеска италијанската Агенција за статистика ИСТАТ.

Во јануари 2021 година, десет месеци по строгата забрана за движење во земјата, е забележан најнискиот наталитет на Апенинскиот полуостров. Во споредба со истиот месец претходната година, во јануари 2021 година се родиле 5.000 бебиња помалку, што е намалување за 13,6 отсто.

ИСТАТ наведува дека се чини дека таквиот тренд е траен, доколку се земе предвид значителниот пад на бројот на новороденчиња во ноември и декември 2020 година.

За нешто повеќе од една деценија, бројот на новороденчиња во Италија е намален за една третина. Додека во 2008 година беа родени 576.659 бебиња, годинава се родени 404.892.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски