Драматичен апел од Газа кој потресе милиони: Ако не слушнете, испратете ја оваа порака до светот

Од:

Изразувајќи длабока загриженост за страшната ситуација на теренот, новинарот на Ал Џезира Тарек Абу Азум од Газа испрати драматична порака до светот, која брзо стана вирална на социјалните мрежи.

„Ситуацијата на теренот е ужасна, сите се исплашени, сите се преплашени. Ако можете да не слушнете, испратете ја оваа порака до светот“, предупреди Абу Азум, пренесувајќи ги огромните ужаси што во моментов ги доживуваат жителите на Газа.

Изолирани од надворешниот свет, без телефонски сигнал или пристап до интернет, граѓаните на Газа се соочуваат со неизвесна иднина додека звуците на бомбардирањето одекнуваат во позадина.

Израелската армија денеска соопшти дека во текот на ноќта влегла во северниот дел на Газа и ги проширила воените операции во опколената палестинска енклава, а истовремено го интензивирала нападот врз милитантната група Хамас.

Воениот портпарол рече дека израелските сили се уште се „на теренот“, но не даде детали.

Исто така, ИДФ објави дека погодиле 150 подземни цели, вклучувајќи тунели и друга подземна инфраструктура, во северниот дел на Појасот Газа.

„Воени авиони на ИДФ вечерва погодија 150 подземни цели во северниот дел на Појасот Газа, вклучувајќи терористички тунели, подземни борбени области и дополнителна подземна инфраструктура“, се вели во соопштението објавено на „Телеграм“.

Израелската војска соопшти дека се убиени „неколку терористи на Хамас“.

Во соопштението се додава дека на 27 октомври израелската армија ја погодила воената инфраструктура на либанското шиитско движење Хезболах во Либан како одговор на истрелувањето ракети на израелска територија.

„Вчера терористите на Хезболах се обидоа да лансираат ракети кон израелска територија. Ракетите паднаа во Сирија. Како одговор, во текот на ноќта, воени авиони на ИДФ ја гаѓаа воената инфраструктура на Хезболах во Либан“, соопшти израелската армија.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Израел му забрани влез во земјата на шефот на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Прва реакција на врховниот лидер на Иран: „Одете си од регионот“

Катерина Ѓуровски

Да не се патува во Израел, Либан и Иран повика Министерството за надворешни

Израел ќе му се одмазди на Иран за нападот, протекоа детали од планот

Катерина Ѓуровски

Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје