Драмата во Германија продолжува, вооружениот киднапер се уште ја држи ќерката на аеродром

Од:

Авионот во Хамбург се уште е затворен бидејќи се уште не е завршена заложничката криза која започна синоќа околу 20 часот.

Вооружен маж синоќа со „ауди“ без регистарски таблички ја проби заштитната ограда и излезе на пистата.

Тој го паркираше својот автомобил директно под авионот што требаше да полета.

Сандра Левгрун, портпаролка на полицијата, за Билд изјави дека полицијата цела ноќ преговарала со мажот на турски јазик, дека преговорите продолжуваат и дека позадината на инцидентот е очигледен спор околу старателството на детето.

Непосредно пред вооружениот маж да биде забележан од безбедносните сили на аеродромот, сопругата ја алармирала полицијата. Таа ги предупредила властите дека нејзиниот сопруг брза кон аеродромот со детето.

Се наведува дека таткото, Турчин (35) од Долна Саксонија, наводно го украл детето од мајката во саботата вечерта.

Тој возел со својот автомобил низ бариерата на теренот на аеродромот и испукал два куршуми во воздух, а потоа фрлил две запалени шишиња од возилото, изјави портпаролот на полицијата.

Полицијата соопшти дека никој не е повреден, додека аеродромот објави дека моментално е затворен за полетувања и слетувања, пренесе Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД