Драма во авионот: Патниците направија хаос, принудното слетување беше неизбежно

Од:

Шпанската полиција го пренасочи летот од Манчестер до Канарските острови поради насилни патници во авионот.

Летот на Easyjet EZI34TV го напушти Манчестер нешто по 7 часот во петокот и требаше да слета во 12.35 часот во Тенерифе. Шпанските контролори на летање соопштија дека полицијата била повикана да го пречека авионот поради „можен напад“.

„Екипажот на летот не извести дека во авионот има осум насилни патници“, соопштија од контролата на летање.

Откако авионот слетал на аеродромот, полицијата привела четворица патници кои се сомничат дека за малку ќе предизвикале тепачка во авионот. Затоа екипажот на авионот ја алармирал контролата на летот за да се посоветува што да прават поради споменатата ситуација.

Четворицата приведени соработувале со полицијата на аеродромот.

Доколку треба да платат отштета, се соочуваат со казна до 40.000 евра.

Портпаролот на авиокомпанијата „Изиџет“ објави дека патниците еден час подоцна го продолжиле патувањето кон Тенерифе.

Безбедноста на нашите патници е наш прв приоритет“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Туристи нападнати во близина на Ајфеловата кула, eден загина, двајца се повредени

Авионот на Лавров дошол во Скопје преку Турција и Грција, Бугарија не дозволила прелет заради Захарова

Горан Наумовски

Тројца тинејџери повредени во напад со нож во средно училиште во Полска

(ВИДЕО) Авион на американската морнарица ја промаши пистата и слета во вода

(ВИДЕО) Авион излета од пистата и удри во автомобил, има повредени

Горан Наумовски

Авион падна во морето кај Крит: Две лица се исчезнати