Драма на летот за Ливерпул: Избувна масовна тепачка, авионот слета принудно

Од:

Во вторник вечерта на летот на EasyJet од Тенерифе до Ливерпул избувна тепачка, во која учествуваа околу десетина патници. Авионот изврши итно слетување на аеродромот Тенерифе Југ.

Капетанот на авионот одлучи да се врати на шпанскиот остров околу 30 минути по полетувањето „поради ризикот што тепачката меѓу патниците го претставуваше за безбедноста на летот“, изјави контролорот на летање, објави Sky News, наведувајќи дека локалната полиција го чекала летот EZY3352 по слетувањето на аеродромот Тенерифе Југ на барање на екипажот.

Во официјално соопштение, EasyJet соопшти дека авионот се вратил „поради несоодветно однесување на група патници“.

„Ние ваквите инциденти ги сфаќаме многу сериозно и не толерираме несоодветно однесување кон нашиот персонал. Нашиот персонал во кабината и на земја е обучен да ги процени сите ситуации и да реагира брзо и соодветно за да се осигури дека безбедноста на летот и другите патници не е загрозена во ниту еден момент“, соопшти компанијата во официјално соопштение.

По интервенцијата на полицијата и апсењето на проблематичните патници, авионот со 186 патници го продолжи својот лет кон Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет

(ВИДЕО) Несекојдневна глетка во Романија – авион заглави под надвозник

А1он

Планирал терористички напад: Копилотот со секира го нападна пилотот за време на лет