Доживотен затвор за поранешен претседател на Уставен суд на Индонезија

Од:

Поранешен претседател на Уставниот суд на Индонезија и функционер на партијата Голкар, 53-годишниот Акил Мохтар, поради коруптивен скандал е осуден на казна доживотен затвор.

До сега најстрогата казна за овој вид криминал, антикоруптивниот суд во Џакарта ја изрекол поради тоа што Акил примил поткуп од 4,7 милиони долара, за да ги легализира лажните изборни резултати при избор на гувернери на провинции и пратеници во централниот парламент на Индонезија.

Медиумите во Џакарта потсетуваат дека за време на 4 месечниот процес Акил во судот се однесувал арогантно, но кога доцна во ноќта во понеделникот ја чул пресудата од неговата ароганција немало трага.

Покрај поранешниот претседател на Уставниот суд, за корупција во Индонезија годинава се осудени и двајца министри и шест директори на владини агенции и државни компании.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски