Довидување Вашингтон, здраво Москва!

Од:

Саудиска Арабија открива пријателско лице кај Путин

18 јули 2015

Кришчн сајанс монитор – Бостон

Двата гиганти довабувачи на нафта, минатиот месец постигнаа напредок во вообичаено непријателските односи, потпишувајќи неколку договори за соработка. Но, нееднаквостите во нивната надворешна политика можат да го оладат повторното затоплување.

Како два најголеми производители на нафта во светот, Русија и Саудиска Арабија работејќи заедно, имаат потенцијал да господарат со светскиот нафтен пазар. Досега тоа не се случило поради на прв поглед ненадминливите разлики – а посебно поради американско-саудиските односи – што ги држеа на растојание.

Но, многуте насмевки и склучувањето на договори минатиот месец меѓу Владимир Путин и Мохамед бин Салман, младиот и амбициозен втор престолонаследник и министер за одбрана, можеби говорат дека двата енергетски гиганти поттикнати од геополитичката криза, може да ги доближат своите односи.

Некои експерти гледаат сигнали за „возобновено партнерство“ предизвикано од промените на глобалните ветрови, во кои саудиските пари ќе и помогнат на Москва „да ги надитри западните санкции“, а руските оружја, инженерските искуства и дипломатската поддршка ќе му помогнат на новиот саудиски крал да ја оттргне зависноста на неговата земја и да станат се помалку наклонети на соработката со САД.

Но, други сметаат дека иако во воздухот се чувствува некаква промена, намерите се чисто тактички и со ограничен обем. Очигледни се огромните разлики, особено по важни прашања, како што се смената на режимот во Сирија и на нуклеарниот договор помеѓу големите држави и стариот саудиски непријател Иран.

– Во минатото, односите помеѓу Русија и Саудиска Арабија беа многу лоши, така што и најмалото раздвижување прави разлика, вели Ирина Звјагелскаја, експерт за Блискиот исток во Институтот за ориенталистика во Москва. – Не би преувеличувала. Секој е фокусиран да заземе што подобра позиција, се стреми кон секакви бенефити кои може да ги добие, но нема никави значајни промени, додава таа.

Путин и принцот Салман имаа пријателска средба во кулоарите на економскиот форум во Санкт Петерсбург минатиот месец, каде потпишаа шест договори, вклучувајќи и за атомска соработка со кој се предвидува Русија да му помогне на пустинското краство да изгради 16 нуклеари реактори. Двајцата исто така ставија потписи за соработка во Вселената, за инфраструктурен развој и зделка за модерни руски оружја.

За Кремљ, обидот да постави добри односи со важен блискоисточен играч кој долго време ја избегнуваше Русија, се објаснува целосно со „политика за пријателство со сите што одамна ја следи Москва“, смета Звјагелскаја. Таа вели дека западните санкции се факторот кој го поттикнал Путин да бара нови дипломатски хоризонти и да го користи незадоволсвото на Арапите од САД, како што го стори тоа со посетата на Египет на почетокот на годинава, која исто така вклучуваше зделка во оружје финаисирана од Саудиска Арабија.

– За Русија е многу важно да се покаже како регионална сила, која може да преговара со сите земји. Истовремено гледаме дека многу блискоисточни земји се разочарани од политиата на САД и би посакале Русија да им е поблиска. За саудијците тука повеќе станува збор за испраќање на сигнал до Вашингтон, а не за смена на партнерите, додаде таа.

Персиски слон во собата

Големото јаболко на раздоорот е Иран. Русија беше ентузијастички поддржувач на договорот за иранската нуклеарна програма и активно се стреми кон позицијата од која може да се втурне во ирачкиот пазар, веднаш откако изолацијата ќе биде остранета.

Таа веќе даде зелено светло за зделка за продажба на ракетни системи Ц-300 на Иран, и на уште една за изградба на осум нови нуклерани реактори во земјата.

Експертите велат дека Саудиска Арабија, која го смета Иран за главен непријател и закана за своето постоење, независно дали е таа наклонета кон атомското оружје или не, а исто така и дека се истава настрана од САД заради нивната поддршка за договорот.

– Саудијците чуствуваат дека се втерано во ќош, дека повеќе не можат да имаат доверба во САД (како противтежа на Иран), така што ја вадат руската карта, вели Евгениј Сатановски, претседател на Независниот институт за блискоисточни истражувања во Москва. – Мислам дека во Кремљ сфаќаат дека тоа е многу голема игра, која нема да воведе до ништо значајно, додава тој.

Во Санкт Петерсбург, Путин го покани саудискиот крал да ја посети Русија, која е прва на еден монарх на Саудиска Арабија, а принцот Мухамед го покани Путин да го повтори своето патување од 2007 година во Кралтсвото.

Сатановски вели дека при претходната посета на Путин на Саудиска Арабија се појавиле високопарни приказни за подобрување на односите, па дури и за оружени зделки, што и така не се случи.

– Сето тоа е театар. Саудијците го парават тоа периодично; јавно сметаат дека ќе ја натераат Америка да омекне, вели тој.

Сирија и Јемен

Друго големо прашање е Сирија, каде Москва продолжува да го поддржува осамениот претседател Башар ал Асад, додека Саудијците ги финансираат бунтовнците кои се обидуваат да го сменат. На крајот се појавија шпекулации дека Русија можеби се оддалечува од Асад, и се тврди дека собрал кај себе многу од експретите од земјата опфатена со војна.

Но, неодамна Москва сепак ја потврди својата поддршка за Дамаск и руските експерти велат дека евакуацијата на Руси од земјата во последните два месеци воглавно се должи на влошената ситуација со безбедноста.

Саудиска Арабија исто така беше разгневена од недостигот на поддршка од САД за нејзиното мешање во соседен Јемен. Но, и таму политиката на Москва, која се изјаснува за сопирање на огнот и за „национален дијалог“, воопшто не претставува особена утеха за Саудијците.

Андреј Климов, заменик претседател на Комитетот за меѓународна политика во руската Дума, вели дека грешката која многу аналитичари ја прават е дека ги разгледуваат промените во заемните односи во денешниот свет преку призмата на Студената војна, прифаќајки дека една држава треба да се наклони кон еден или друг блок.

– Реалноста ги тера Русија и Судиска Арабија да се зближуваат, да соработуваат по прашања по кои можат, изјави тој. – Саудијците сфаќаат дека не можат на се да се потпираат на САД, и дека има значителни предности во развојот на односите со Русија, додава тој

– Како земји многу не си наликуваме, но никој од нас не ги споделува западните вредности и не сака да биде критикувана од САД. Можеме заедно да работиме, без да го нарушуваме светскиот поредок, дополни Климов.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски