Доселување: Што ни треба, а од што се плашиме?

Од:

Поминаа само неколку години откако германските медиуми открија нова тема за своите рубрики и репортажни материјали за Германија. Во 2009 година од Германија заминаа 175.000 Германци, кои и свртеа грб на татковината. Занаетчиите се иселија во Канада, академските граѓани во САД, гастрономите во Јужноафриканската Република. И Европа беше предмет на копнеж. Пред се кај лекарите. Тие одеа во Норвешка, велика Британија, Швајцарија. Поради работните услови и секако за пари.

Телевизиите врз основа на овој проблем веднаш развија нова форма на емисии. Со камери ги следеа иселениците и сочувствуваа со нив за проблемите при заминување од татковината и при одење во непознато. Се работи за тема која повеќе не е актуелна.

Германија, добитник во кризата

Актуелната тема се вика доселување. Секој трет од сите доселеници во ЕУ доаѓа во Германија. Во 2007 година беше секој седми. Тоа е феномен! Во време во кое пред се во конзервативниот табор терминот доселеничка земја Германија се негира и со нозе и со раце, германскиот пазар на трудот магнетски привлекува илјадници луѓе.

Најголемата финансиска и должничка криза која почна во 2008 година, масовно форсира доселување во Германија. Меѓутоа Грците, Португалците и Шпанците, не се тие кои во прв ред доаѓаат масовно во оваа земја. Пред се, тоа се луѓе од централна и источна Европа и тие главно наоѓаат работа. Поради тоа ги нарекуваат социјални туристи. Претставниците на индустријата и средните компании го добиваат конечно она што им треба. Се работи за бум и за благодет од доселениците за домашната економија и тоа целосно без мултикултурни тензии.

На стопанството му требаат доселеници

Силната конјунктура на германското стопанство беше и се уште е она кое може да ги прифати тие кои од 2008 година во јужна, источна и централна Европа останаа без работа поради кризата. Но, тука не дојдоа само голем број на имигранти, туку и оние кои се најконкурентни на пазарот.

Уште пред шест години само 27 отсто од сите доселеници можеа да покажат дека имаат висока стручна подготовка, во меѓувреме тој број сега изнесува 40 отсто. Тоа ја забрзува интеграцијата. Не е чудно што бројот на вработените доселеници е само малку помал од вкупниот број на вработените. Најдобрата култура на добредојде е очигледно конјунктурата.

Тука уште доаѓа и професионалноста на германската политика на доселување. Не само на политиката, туку и на индустриските и трговските комори, а дури и градовите и општините целно бараат стручна работна сила во странство. Пред се во Европа. Доселувањето на стручна работна сила се поттикнува преку јавни средства, на пример со средства од фондовите на ЕУ, како МобиПро, кој специјално е предвиден за младите од источна Европа. Програмата во меѓувреме е прекината: поради преголемиот успех! Околу 9.000 млади граѓани од ЕУ сакаа да дојдат, многу повеќе од што се очекуваше.

Културата на добредојде

Германија се менува многу брзо. Јоаким Гаук, претседателот на Германија, веќе зборува за ново германско НИЕ. Сепак, внимателност! Свежиот сјај кој моментно се лепи на посакуваното место Германија, пред се е резултат на понудата и побарувачката. На силната германска економија пред се и требаат квалификувани доселеници и ги добива, бидејќи половина Европа стенка под кризата. Но, тешко нас, ако конјунктурата ослабе.

Да се прифати Германија како доселеничка земја, пред се значи да не се доведува во прашање доселувањето во годините на економскиот пад. Ако индустријата, трговијата и средните компании почнат да укинуваат работни места, наместо да бараат кандидати, ќе се покаже дали Германија и ментално се чувствува како доселеничка земја.

Со скромните ритуали на добредојде, ништо не е направено, ако повторно почне да ја пее злобната песна за преголем број на странци. Тогаш сите ние треба да си предочиме дека прво, со оглед на демографските причини, ни треба долгорочно вселување и второ дека во меѓувреме кај нас живеат околу 16 милиони луѓе со имигрантско потекло. Што значи дека ние веќе одамна сме она што се уште сите не го сфатиле: класична доселеничка земја.

Дојче веле – Берлин

 

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија