Доњецк и Луганск се обединуваат во држава „Нова Русија“

Од:

 Самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск синоќа потпишаа документ за формирање заедничка држава која ја нарекоа Нова Русија, изјави претседавачот на Врховниот совет на т.н. „народна република Доњецк“, Денис Пушилин.

– Потпишавме меморандум за обеденување на републиките. Ги нарековме обединети региони на унијата на народни републики, рече Пушилин.

Запрашан за обединување на владите на републиките, Пушилин одговори дека тоа ќе се случи во догледно време.

Претходно гувенерот на Донбас Павел Губарев рече дека „народните републики Доњецк и Луганск“ потпишале документ за обединување на Нова Русија. Документот го потпишале премиерот на народна република Доњецк Александар Бородај и претседателот на народна република Луганск Алексеј Карјакин, додаде Губарев.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски