Доналд Туск: Само обединета Европа може да се ослободи од руската енергетска зависност

Од:

Кризата во Украина носи јасна поука дека силната зависност од руската енергија ја прави Европа слаба, како и дека Русија не ги продава своите ресурси евтино – поточно не на сите, пишува полскиот премиер Доналд Туск во авторски напис во весникот „Фајненшел тајмс“.

– Домининатниот испорачувач на гас во Европа може да ги крене цените и да ги намалува испораките. Начинот како да се поправи ова пазарно искривување е едноставен. Европа на монополската позиција на Русија треба да спротивстави единствена европска структура, што ќе купува нејзин гас. Кога тоа ќе се направи, Европа треба да се заземе со потешката задача – да му стави крај на рускиот гасен монопол и да воспостави слободна пазарна конкуренција. Точно е дека тоа ќе бара европските влади да заземат единствена позиција. Но, такви усогласени дејствија имало и во минатото, надедува Туск.

Според него, како што Владите на 28-те земји членки на ЕУ купуваат заедно ураниум за своите нуклеарни централи преку Европската агенција за атомска енергија Евратом, таков пристап треба да заземат и кон рускиот гас.

– Затоа предлагам енергетска унија. Таа ќе го врати европскиот проект кон неговите корени. Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, денешниот енергетски предизвик го спореди со проблемите од пред 60 години, кои доведоа до создавањето на Европските заединици за јаглен и челик. Европа треба да создаде механизам за заедничко договарање на енергетските испораки од Русија. На почетокот од билатералните спогодби треба да отпаднат секакви тајни клаузули, кои го искривуваат пазарот, и на крајот Европската комисија да се вклучи во сите нови преговори, пишува полскиот премиер во „Фајненшел тајмс“.

Тој смета дека ЕУ треба да изгради енергетска инфраструктура, посочувајќи дека денес 10 европски земји, за над половината од своите потреби, зависат од еден единствен испорачувач – „Газпром“.

– Некои се целосно зависни од рускиот гасен концерн, што е контролиран од државата. Во земјите каде безбедноста на испораките е најслаба, капацитетот за складирање и гасните врски треба да бидат изградени со помош на ЕУ при највисоко ниво на софинансирање од Брисел – 75 отсто, пишува Доналд Туск во текстот во весникот „Фајненшел тајмс“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта