Доналд Трамп најави повлекување од Парискиот договор за климата

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека ќе се повлекуваат од Парискиот договор за борба против климатските промени од 2015. година.

– Излегуваме. За да ја оствариме желбата за заштита на Америка и нашите граѓани, САД ќе се повлечат од Парискиот договор за климата, изјави Трамп, додавајќи дека ќе влезат во процес на преговори за повторно влегување под нови услови кои би биле фер кон САД, бизнисите, работниците, граѓаните и даночните обврзници.

Со повлекувањето на САД, тие се приклучуваат на Сирија и Никарагва како единствени земји кои што не се приклучени на овој договор.

САД беше 195. земја која што се приклучи на договорот во 2015. додека претседател беше Барак Обама.

Според договорот, САД се обврзаа да ги намалат штетните емисии за 26 до 28 отсто од нивото во 2005. година до 2025.

Би можело да ве интересира

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“