Доналд Трамп и Турција

Од:

Катимерини – Атина

„Главата која носи круна, станува помудра“. Со оваа стара турска поговорка Анкара се подготвува за изборот на Доналд Трамп на претседателската позиција во САД

На пример, противрчените говори на Трамп да се воведе забрана за влегувањето на муслимани во САД додека не се реши „што ќе се прави со нив“, беше повлечено од официјалната веб страна на новоизбраниот американски претседател.

Како капак на сето ова, турскиот претседател побрза да разговара со новоизбраниот претседател и покрај од него изразената исламофобија.

Но за Турција, пошироката рамка на взаемната соработка останува непријатна. Трамп критикуваше без да ги наведе оние земји кои им помагаат на исламистите и кои преку трговијата со нафта се финансираат структурите на Исламска држава.

Во врска со тоа се потсетува на до неодамнешните негирања за поддршка на Исламска држава од страна на Турција, и за силните индиции дека во незаконската трговија со нафта е вмешан и синот на Ердоган.

Трамп исто така повеќе пати искажал пофални зборови за курдите кои ги смета за верни сојузници на САД, и за исклучителни борци. Тој сака да ги вооружи за да се комплетираат со тоа копнените сили во борбата со Исламска држава, чии инсталации САД ги бомбардира од воздух.

Таа позиција на Трамп сосема кореспондира со неговите главни ставови за драстично ограничување на расходите за одбраната, што значи оддалечување на САД од копнени операции и големи експедициски мисии.

Друга негативна индикација за Турција е визијата на новоизбраниот американски претседател за исклучителни односи и поголема блискост со Израел. Во изминатите пет години, Ердоган избра да води студена војна со Израел, па дури и сега односите меѓу двете земји остануваат проблематични.

Заедно со тоа, грижа на Турците продолжуваат да бидат и односите меѓу САД и Египет. Превратот во 2013 година го одведе во затвор египетскиот претседател Мохамед Морси и раководителите на Муслиманското братство. Од тогаш Турција го смета сегашниот египетски претседател Ал Сиси за узурпатор.

Всушност, минатиот септември Трамп наместо да се сретне со Ердоган, го избра Ал Сиси, кого потоа го нарече „фантастичен тип“. Сиси беше првиот раководител на земја кој го поздрави по телефон Трамп за неговиот избор за претседател.

Најочигледно е дека Трамп пред се преку Израел и Египет ќе ја решава ситуацијата во Источното Средоземноморие и на Блискиот исток.

Турција засега дава впечаток дека го почитува новозибраниот претседател Трамп. И тоа не само заради фактот што тоа неоппходно го прави од гордост. Анкара сметаше дека Хилари Клинтон би можела да ја продолжи надворешната политика која ги доведе двете земји до сериозни разидувања. Освен тоа, се дозна дека движењето на исламистичкиот проповедник Жуле, кој живее во САД, финансиски ја поддржал нејзината предизборна кампања.

Тоа финансирање беше објавено и од штабот на Трамп. Потоа, Ердоган изрази надеж дека Трамп ќе и го предаде Ѓулен на Турција, кој живее во Пенсилванија и е обвинет за неуспешниот државен преврат од 15 јули.

Последната надеж на Ердоган е дека Трамп ќе се однесува кон американско-турските односи со реализам. На пример, веќе е јасно дека новоизбраниот американски претседател гледа незаинтересирано за кршењето на човековите права во Турција.

Проблем за Турција е наводното зближување на Русија со САД, и последиците од тоа по највашното прашање со кое сега се занимава Анкара, а имено тоа е иднината на курдите во Сирија.

Турција повторно може да се здобие со улога во однос на случувањата во Сирија, играјќи вешто меѓу САД и Русија. Ако двете суперсили се договорат, Турција едноставно ќе се воздржи да демонстрира свои интереси и загиженост.

Истовремено, предавањето на Ѓулен би можело смирувачки да дејствува. Но потребно е поголемо внимание тоа успокојување да не се прошири и да ги опфати уште и проблемот со Кипар, како и грчко-турските спорови.

Би можело да ве интересира

Трамп е против забараната на TikTok во САД

ВИДЕО: Бајден и Трамп испратија сосема спротивни честитки за Божик

Трамп сака да ги заштити Американците од „насилни силувачи, убијци и чудовишта“

Горан Наумовски

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

Претседателот на Панама му порача на Трамп: Панамскиот канал е наш и така ќе остане