Долниот дом на британскиот Парламент го усвои трговскиот договор со ЕУ по Брегзит

Од:

Британските пратеници во Парламентот на Долниот дом го одобрија денеска трговскиот договор со ЕУ по 1 јануари, кога Обединетото Кралство формално ќе ја напушти Европската унија.

Предлог-законот, чиј дел е трговскиот договор, беше усвоен на второ читање со поддршка од 521 пратеник, а против се изјаснија 73 пратеници. Предлог-законот сега треба да оди на трето читање, но најверојатно ќе стане официјален, бидејќи и владејачката Конзервативна партија и опозициската Лабуристичка партија веќе однапред објавија дека ќе го поддржат договорот. Подоцна денеска документот ќе биде испратен за расправа и гласање меѓу членовите на Горниот дом на лордовите, пред официјално да стане британски закон. Резултатот од гласањето во Горниот дом на лордовите се очекува доцна вечерва.

Британските пратеници гласаа за трговскиот договор, и покрај скептицизмот на либералните демократи, шкотските националисти и останатите од Лабуристичката партија.

Премиерот Борис Џонсон на специјално свикана парламентарна седница изјави дека Велика Британија мора да работи „рака под рака“ со ЕУ, а истовремено да го зачува сопствениот суверенитет.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски