Едвард Сноуден располага со „многу детални описи“ на дејноста на американската Агенција за национална безбедност, изјави новинарот на британскиот весник „Гардијан“ Глен Гринолд, кој прв ги објави откритијата на Сноуден за американската програма за шпионирање.
Според Гринолд, Сноуден има „буквално илјадници документи“, кои сведочат за тоа како е создадена Агенцијата, но тој барал тие да не бидат објавени.
Гринолд не смета дека националната безбедност на САД би била во опасност доколку се објават тајните документи, но според него евентуалните откритија би можеле да и наштетат на американската Влада.