Доктор Конли: Трамп е во многу добра здравствена состојба

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп е во „многу добра здравствена состојба“, изјави неговиот лекар по четиричасовниот годишен преглед во воената болница „Волтер Рид“.

„ Со задоволство можам да објавам дека претседателот на Соединетите Американски Држави е многу добар и очекувам така и да остане за време на неговиот мандат, па и понатаму“, рече докторот на Белата куќа, Шон Конли.

Контролата на здравствената состојба оваа година ја направи Конли, доктор по остеопатска медицина и ветеран во морнарицата, кој сега е официјален лекар на Трамп.

Американскиот претседател не е обрзан да подлежи на лекарски прегледи, но тоа стана редовна пракса, бидејќи, како што наведуваат медиумите, е добра можност лидерите да ја уверат јавноста дека се способни за работата што ја извршуваат.

Би можело да ве интересира

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

А1он

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

По победата на Трамп, многу очајни Американци истражуваат како да се преселат во странство

Предраг Петровиќ