Доказ за вода на Марс: Дали може да ја зголеми можноста за живот?

Од:

Излегува дека Марс плаче, пушта солена вода по падините на кањон и по ѕидовите на кратер и формира темни траги кои се појавуваат и исчезнуваат во различни сезони. Анализата која ја прави оваа слика претставува најсилен доказ досега дека водата е виновна за овие траги. Се повеќе се антиципира фактот дека големи колични вода се присутни на многу места на црвената планета.

Водата е потенцијален ресурс за луѓето да го експлоатираат Марс, како суров материјал за ракетно гориво како и за задоволување на жедта на астронаутите. Таа е исто така клучна за да го направи местото адекватно за прости форми на живот. Оттука темните траги можат да бидат потенцијална дестинација за мисиите со цел потрага по евентуален живот на Марс. Доказите дека водата создава темни траги е индиректна, но силна, велат научниицте. Таа се базира на составот на водата која содржи сол. Солите се поприсутни долж трагите отколку во почвата помеѓу нив, што наведува на повторувани наслаги од сегашните извори, рекоа научниците најавувајќи ги резултатите. И тие можат да ја впијат влагата од атмосферата и да стане солен раствор.

Резултатите „силно наведуваат“ дека трагите „се формирани од течна вода на денешен Марс“, вели Мери Бет Вилхелм, научник во Истражувачкиот центар Амес на НАСА во Мофет Филд, Калифорнија, и член на тимот кој ги објави резултатите во Нејчр геосајанс.

Анализата е дотолку повозбудлива „затоа што наведува дека е можно денес на Марс да има живот“, вели Џон Грунсфилд, помошник администратор во НАСА во директоратот за научни мисии на агенцијата.

Досега излегува дека количеството вода е скромно. Научниците проценуваат дека минималното количество на вода потребно за се објаснат трагите на местото на истражувањето, кое е дел од Валес Маринерис, може да исполни 40 базени со олимписки димензии.

– Тоа звучи многу ако е само на едно место. Но всушност е распространето на поширока област, вели Алфред Мекивен, истражувач во Лунарната и планетарна лабораторија при Универзитетот на Аризона во Тусон. „Па излегува дека имаме работа со тенки слоеви влажна почва“.

Но Марс има голема површинска обалст, па волуменот на водата на планеата може да биде прилично голем, додава д-р Мекивен, уште еден член кои известуваше за резултатите во Нјечр геосајанс.

Истражувачите беа збунети од овие темни траги откако првпат ги забележаа во 2010 година. Често ги следат трагите вдлабени во падините. Тие вообичаено се појавуваат на падини кои се изложени на сонце за време на топлите сезони во двете хемисфери, а исчезнуваат во остатокот од годината.

По анализата на се поголем број од овие траги, тимот предводен од Мекивен минатата година заклучиле дека трагите најверојатно доаѓаат од локални обилни количини солена вода. Се чини дека трагите пречесто се појавуваат од подемзниот лед кој се топи, кој во секој случај не би бил во екваторијалниот појас. И тие забележале дека појавувањето и исчезнувањето на трагите може да не е единствено детерминирано од температурата.

Во меѓувреме, податоци од роверот кјуриозити на НASA во кратерот Гејл, навести дека влагата на почвата може да биде побилна на поголеми висини на Марс, отколку на екваторот.

На почетокот на годинава, научницте објавија калкулации на кои стои дека солената вода може да се формира во првите пет сантиметри од солената почва во кратерот. Солите во основа ја впиваат влагата од атмосферата.

Податоците од кјуриозити дека солената вода се формира во текот на ноќта за да ја навлажува почвата, а потоа испарува преку ден. На повлажни висини, процесот може да зароби поголеми количини вода, додаваат ангажираните истражувачи.

Изворите на трагите во новата анализа се нејaсни

Некои луѓе наведуваат дека изворите можеби се водни базени во близина на кратерот или ѕидовите на долината. Ова можеби важи за трагите кои потекнуваат од лизгањето по падните, забележува д-р Вилхелм. „Чудното нешто во врска со трагите е што гледаме како трагите доаѓаат од самиот врв од падината. Изворите се преблиску до површината за да бидат водени базени“, навестува таа.

Тоа ги натера научнците да навестат дека механизмот вклучува соли кои ја впиваат влагата од атмосферата – барем во регионите кои научниците ги истражувале.

Анализата која ја раководеше Луџендра Оџа, студент од Џорција Тек, се заснова на снимка од спектометар од орбитерот Реконаинс Марс (МРО). Податоците доаѓаат од три кратери и од Копратес чазма, која тече долж источниот дел од Валес Маринерис.

Додека научниците ги испитувале спектралните отпечатоци на минерали долж трагите, тие не нашле ништо што би укажувало на течна вода. Всушност, спектарот прикажувал класа на соли познати како перхлорати. Кога тимот ги споредил МРО резултатите со спектарот од лабораториските примероци, тие најдобро се совпаѓале со магнезиум хлорид, содиум и магнезиум перхлорати.

– Содиумот и магнезиум перхлоратите имаат силен ефект во стабилизирање на површинската вода на Марс, објаснува Оџа. „Овие соли можат да на спуштат точката на замрзнување на водата од 72 на 126 степени фаренхајти, во завиност од кој вид се. Но тие исто можат и да ја подигнат точката на вриење. На Марс, тенката атмосфера овозможува чистата вода да врие на 50 степени фаренхајти. Додајте перхлорати, и таа температура се подига на 75 степени фаренхајти.

– Присуството на перхлорати обилно ја зголемува стабилноста на водата на површината на Марс, вели тој.

Истражувачите признаваат дека различни процеси можат да формираат солена вода, во зависност од локацијата. Конечно, регионите кои тие одблизу ги фокусирале како следни мисии на Марс, ја задржуваат солената вода.

Кришчан сајанс монитор – Бостон

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ