„Дојче Телеком“: Соработуваме само со германските тајни служби

Од:

Германскиот телекомуникациски гигант „Дојче Телеком“ соопшти дека не разменува никакви податоци за телефонски или интернет комуникации со странски тајни служби.

– Немаме соработка со странски тајни служби. Бидете сигурни дека „Дојче Телеком“ не учествува во програните за електронска шпионажа „Призма“ и „Темпора“, изјави првиот човек на компанијата Рене Оберман за радиото „Дојчландфунк“.

Оберман призна дека компанијата соработува со германските тајни служби околу размена на информации, но нагласи дека тоа го парви во рамките на постоечкото закнодавство.

– Штом има соодветна правна основа, можеме и должни сме да соработуваме. Но, само со почитување на правото и законите, рече Оберман.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија