Договорен нов пакет санкции на ЕУ за Русија

Од:

Земјите-членки на ЕУ денеска се договорија за 11-тиот пакет санкции против Русија, кои главно се насочени кон спречување на заобиколување на санкциите воведени досега поради агресија врз Украина.

„Денеска амбасадорите на земјите-членки се согласија за 11-тиот пакет санкции против Русија“, објави шведското претседателство на Твитер, додавајќи дека пакетот вклучува мерки насочени кон спречување на избегнувањето санкции и додавање нови имиња на списокот со санкции.

Договорот веднаш беше поздравен од претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен. „Новиот пакет со построги извозни ограничувања и мерки против правните субјекти кои го поддржуваат Кремљ ќе и нанесе нов удар на воената машина на Путин“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Договорот за 11. пакет санкции е постигнат на ниво на амбасадори и сега мора писмено да го потврдат владите на земјите-членки.

Најновиот пакет санкции забранува транзит преку Русија на стоки и технологија што би можеле да ги користи руската војска или да и помогне на нејзиниот одбранбен и безбедносен сектор. Се воведуваат ограничувања за продажба на чувствителни стоки и технологија за двојна употреба на земји кои би можеле да и ги продаваат на Русија, а се проширува и листата на забранети стоки кои би можеле да служат за рускиот воен и одбранбен сектор.

Пакетот ја продолжува суспензијата на дозволите за емитување во Европската унија за пет руски медиуми под контрола на руската држава.

ЕУ веќе воведе забрана за увоз на руска сирова нафта и нафтени деривати, а сега пристапот до европските пристаништа е забранет за бродови за кои постои основано сомневање дека се вклучени во претовар на руска нафта од брод на брод со цел да се заобиколи забраната .

На санкционираната листа се додадени 71 физичко и 33 правни лица. На тие лица и правни лица им е замрзнат имотот во ЕУ, меѓу другото, затоа што учествувале во илегалната депортација на украински деца во Русија.

Би можело да ве интересира

Што има во прашалникот што Трамп го испратил до европските созјузници

Катерина Ѓуровски

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

ВИДЕО: За Европа нема место во преговорите за Украина, Зеленски повика на формирање европска армија

Катерина Ѓуровски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Европската унија ќе чека објаснување, ако треба експресно ќе одговори на царините на Трамп

Катерина Ѓуровски

Трамп повторно се закани со царини за Европската унија