Додон: Молдавија нема да учествува во воените вежби на НАТО

Од:

Претседателот на Молдавија, Игор Додон, на неговиот Фејсбук профил објави дека мала единица на молдавската армија нема да учествува на претстојните воени вежби на НАТО.

Додон не го одобри барањето на молдавското Министерство за одбрана да испрати 74 војници од Молдавија на вежбите што ќе бидат одржани од седми до 23 септември во западниот дел на Украина.

– Не го прифаќаме учеството на наши војници во воени вежби надвор од границите на Молдавија, напиша молдавскиот претседател.

Во Молдавија, која се наоѓа помеѓу Украина и Романија, политичарите се поделени на проевропски и тие кои се наклонети кон Русија. Наспроти проевропската Влада во Кишињев, претседателот Додон се залага за стратешко партнерство со Русија.

Додон претходно се изјасни против отоврање на Канцеларија за врски на НАТО во Молдавија. Од друга страна, молдавскиот Парламент во јуни гласаше за повлекување на руските војници од Придњестровје, молдавска територија која прогласи автономија.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Претседателски избори во Романија

А1он

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО