Додека не најдеме тело, нема да веруваме дека е мртов: Пред шест години презентирани мрачни информации за шефот на Коза Ностра

Од:

Матео Месина Денаро, кој е идентификуван како шеф на сицилијанската мафија Коза Ностра, е уапсен по повеќе од 30 години потрага. Италијанскиот висок обвинител Маурицио де Лусија беше интервјуиран во документарниот филм на ТВ Н1 „Во војна со мафијата“ пред шест години, кога зборуваше, меѓу другото, и за потрагата по Месина.

Во тој момент седум години немаше никакви информации за Месина, што го наметна прашањето дали тој воопшто е жив.

„Сè додека не го најдеме неговото тело, нема да веруваме дека е мртов. Сега не можам да споделам оперативни информации со вас, но знајте дека Месина е последниот член на куполата“, изјави Де Лусија во интервју за N1.

Италијанските карабинери денеска го уапсија Месина во главниот град на Сицилија, Палермо.

Тој е осомничен дека е на чело на озлогласената Коза Ностра.

Тој беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата вмешаност во убиствата на антимафијашките обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселин во 1992 година. На истата казна е осуден за учество во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано, во кои во 1993 година загинаа десет лица.

Денаро, своевремено се сметаше за „шеф на газдите“ на сицилијанската мафија, по смртта на Бернардо Провенцано во 2016 година и Салваторе Рина во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Италија: Уапсени 13 членови на мафијашката организација Коза Ностра

Уапсена e сестрата на последниот кум на сицилијанската мафија

Уапсен човекот кој му го позајмил идентитетот на озглогласениот шеф на Коза Ностра

Уапсен најбараниот криминалец во Италија, шефот на Коза Ностра во приватна клиника во Палермо

А1он

Италијанските власти уапсија 35 лица под сомнение дека се членови на „Коза ностра“

А1он

Во Палермо уапсени 20 мафијаши, ги пријавиле бизнисмени што ги рекетирале

Жарко Настоски