Сегашната воена власт во Тајланд денеска објави дека предлогот на новиот Устав ќе биде завршен до 29 јануари, од кога би требало да започне процесот на враќањето на цивилна демократија во државата.
По военниот удар во мај 2014 година, за минатата есен беа најеванеи воспоставување на нов уставен поредок и оддржување на избори, но првиот нацрт на Уставот беше повлечен, а изборите одложени.
Во текот на оваа недела Комисијата за подготовка на новиот Устав треба да ги утврди правилата за гласање. Според најавите, на следните избори, кои може да се оддржат во септември или октомври годинава, во само еден круг на гласање граѓаните ќе можат да се определат за партиските листи. Според бројот на гласовите во целата држава, ќе се изберат членовите на Парламентот и Сенатот.
Новина во овој Устав е и правилото премиерот во Тајланд да не мора да биде избран за пратеник или сенатор. Ова, според аналитичарите, ќе им даде повеќе моќ за одлучување на институциите на монархијата.
Поголем дел од опозиционерите на сегашната военна власт не ќе имаат право да се кандидираат, бидејки во серија судски процеси се донесени одлуки за забрана на нивно полиитчко ангажирање во рок од пет години. Меѓу оние кои не ќе можат да се кандидираат е и последната премиерка Јинглук Шинаватра.
Опозиционерите очекуваат сегашниот премиер, генералот Прајут Кан-ока да го оддржи ветувањето дадено пред две недели, според кое, новоформирана комисија ќе започне процес на амнестија на лицата на кои забраната од пет години им е изречена поради политички причини, но не и за утврдени криминални активности.