До крајот на годината Германија очекува еден милион бегалци

Од:

Бројот на бегалци кои до крајот на оваа година ќе ги прими Германија на своја територија е повисок за 200 илјади од првичните анализи и ќе ја достигне цифрата од еден милион луѓе, најави денеска германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, заменикот на канцеларката Ангела Меркел и лидер на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), во писмо до своите сопартијци вели дека првичните анализи се покажале неточни.

– Нема да примиме 800 илјади мигранти, како што беше најавено од страна на Министерството за внатрешни работи, туку еден милион, им напиша Габриел на членовите на СПД, која е главен партнер во владата на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел.

Германија веќе најави дека до крајот на 2015 година ќе потроши околу шест милијарди евра од државниот буџет за прифат на бегалците, но со новите анализи на Габриел оваа бројка би можела да се зголеми за најмалку една милијарда евра.
Секој мигрант со статус бегалец или барател на азил во Германија покрај сместување добива и по 135 евра месечно.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија