До крајот на годината 750.000 азиланти во Германија

Од:

До крајот на годината во Германија би можеле да пристигнат до 750.000 азиланти, што е значително повеќе од досегашните проценки на Владата во Берлин, пишува германскиот весник „Ханделсблат“.

Владата, имено, проценуваше дека околу 450.000 бегалци до крајот на годината би можеле да побараа азилантски статус и покрив над глава во Германија.

Весникот наведува дека само во Хамбург во првиот квартал годинава околу 6.700 луѓе побарале заштита, а дека само во јули 5.700 бегалци поднеле барање за азил.

Во покраината Баден-Виртемберг во јули 7.065 лица побарале азил, што е двојно повеќе отколку во мај, наведува весникот.

– Тука би морале секој ден да градиме еден солитер, за да можеме сите да ги примиме, рече покраинскиот министер за интеграции Билкај Енер за „Ханделсблат“.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија