До 20. ноември продолжен едностраниот прекин на огнот од ФАРК во Колумбија

Од:

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос изјави дека едностраниот прекин на огнот објавен минатата недела од ФАРК е продолжен за уште 4 месеци.

Прекинот на огнот кој влезе во сила во понеделникот првично беше објавен за еден месец.

Колумбиската Влада и Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) во неделата склучија договор за деескалирање на конфликтот.

Од 20 јули колумбиската армија ќе почне процес за дееаскалирање на воените дејствија како одговор на прекинот на огнот од страна на ФАРК.

Двете страни во конфликтот освен тоа ветија дека ќе постигнат финален мировен договор. Куба и Норвешка се посредници во мировните преговори кои почнаа во ноември 2012 година. Дијалогот се води во Хавана.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски