Дмитриев: Преговорите меѓу Европа и Русија се неизбежни

Од:

Претстојната енергетска криза што наскоро ќе ги погоди Европската Унија и Обединетото Кралство ќе ги направи преговорите меѓу Европа и Русија неизбежни, изјави денес Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претседателски претставник за инвестиции и надворешна економска соработка.

„Финскиот претседател Александар Стаб верува дека политиката на САД кон Русија и Украина не им служи на интересите на Европа и дека е време да се започнат преговори со Русија. Претстојната енергетска криза, која наскоро ќе ги погоди ЕУ и Обединетото Кралство, ќе го направи ова неизбежно“, рече Дмитриев во објава на социјалната мрежа X, објави РИА Новости.

Коментарот на Дмитриев дојде како одговор на зборовите на финскиот претседател Александар Стаб, кој рече дека ако политиката на САД кон Русија и Украина не е во интерес на Европа, тогаш Русија мора директно да биде вклучена, потсетува руската агенција.

Би можело да ве интересира

Баро: Русија се обидува да ги колонизира умовите, но нема да успее

Зеленски: Ќе побарам од новиот Конгрес на САД да го зголеми притисокот врз Русија

Добија директна закана од Москва: На работ сте на отворена војна!

А1он

Германски медиуми: Русија планира да лансира сателит со нуклеарно оружје во вселената

(ВИДЕО) Путин: Крајот на војната зависи од Киев, Украина треба да ги прифати компромисите

(ВИДЕО) 12 лица загинаа во Киевската област, меѓу нив деветмина во уривање на станбена зграда