Дмитриев: Европејците ќе ги паметат одлуките на русофобичните Урсула и Каја

Од:

Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател за странски инвестиции и економска соработка и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, изјави дека граѓаните на Европската Унија ќе ја паметат одлуката на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и европската министерка за надворешни работи Каја Калас да се откажат од руската енергија.

„Европејците, кои остануваат без гориво, без климатизација и седат дома без работа, ќе ги паметат одлуките на русофобичните Урсула и Каја“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X.

Тој ја коментираше изјавата на претседателката на Европската комисија за напуштање на руската енергија, во која таа изјави дека „најевтината енергија е онаа што не се троши залудно“.

Би можело да ве интересира

Баро: Русија се обидува да ги колонизира умовите, но нема да успее

Зеленски: Ќе побарам од новиот Конгрес на САД да го зголеми притисокот врз Русија

Германија и натаму убедливо најголем финансиер на ЕУ

Македонија е подготвена да го измени Уставот за пристапување кон ЕУ, но бара гаранции

Горан Наумовски

Ле Пен: „Украина нема што да бара во ЕУ“

А1он

Добија директна закана од Москва: На работ сте на отворена војна!

А1он