Џулијан Асанж му „обезбедува“ азил на Едвард Сноудин во Исланд

Од:

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж кој една година, како бегалец, живее во зградата на еквадорската амбасада во Лондон, изјави дека се обидува да му обезбеди азил на Едвард Сноудин во Исланд.

Овој Американец, поранешен комјутерски техничар во ЦИА и во една приватна компанија која работи за Националната агенција за безбедност (НСА), ја провали „супер тајната“ за тоа дека безбедносните служби на САД ги прислушуваат телефоните и интернет комуникацијата на луѓето.

Пред да ја обелодени тајната, Сноудин побегна во Хонг Конг, каде се уште се крие, најавувајќи дека ќе се спротивстави на екстрадицијата во САД, но и заканувајќи се дека ќе има уште откритија за дејствувањето на безбедносните служби.

Асанж на импровизирана прес-конференција од прозорецот на еквадорската Амбасада, ги уверуваше поканетите новинари дека прекусвоите адвокати, настојува да му помогне на Сноудин, да стане азилант во Исланд.

Премиерот на оваа островска земја во северниот Атлантик, Сигмундур Давид Гунглаунгсон призна дека имало „само прелиминарни разговори“. Но тој инсистираше дека за да може Американецот да побара и евентуално да добие азил во Исланд, тој мора да престојува на островот.

Човекот кој ја откри тајната се уште е „некаде на територијата на Хонг Конг“, а американскте правосудни власти продолжуваат да трагаат по формулацијата врз основа на која ќе бараат екстрадиција на Сноудин од оваа кинеска територија, со специјален статус.

Асанж и самиот во битка да не биде екстрадиран во Шведска, се обидува да го искористи случајот со американскиот бегалец, за да ја реафрмира својата ситуација.

Би можело да ве интересира

ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Поранешен службеник на ЦИА осуден на 40 години затвор

Горан Наумовски

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА сексуално злоставувал и дрогирал 20 жени

Горан Наумовски

ЦИА и МИ6: Не го потценувајте Путин, а со Кина развивајте добри односи

Предраг Петровиќ

Барнс: Путин е врвниот апостол на одмаздата, тој сè уште бара одмазда против Пригожин